logo
logo
logo

Филаделфија тргна со победа над Вашингтон во НБА плеј-офот

Vecer | 23.05.2021

Филаделфија тргна со победа над Вашингтон во НБА плеј-офот

Кошаркарите на Филаделфија ја изборија првата победа на стартот од плеј-офот во НБА лигата, откако вечерва на домашен терен во улога на фаворит славеа над Вашингтон со 125:118.

Најдобриот тим на Источната конференција имаше денови за одмор, додека Визардс преку два меча во плеј-ин делот дојдоа до плејофот.

По неизвесниот тек на првиот дел, Филаделфија конечно успеа да стигне до својата игра на крајот од третиот период и да се „одлепи“ на плус 8, што подоцна можеби беше и клучно за победата.

Тобијас Харис со рекордни за себе 37 поени во плејофот, плус 6 скока и 2 асистенции беше лидер кај 76-ките. Од друга страна, најдобар беше Бредли Бил со 33 поени.

Филаделфија ќе биде домаќин и на вториот натпревар, а серијата потоа ќе се пресели во главниот град на САД.

The post Филаделфија тргна со победа над Вашингтон во НБА плеј-офот appeared first on sportmedia.mk.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk