logo
logo
logo

ФИФА потврди: Херера може да игра за Македонија

Vecer | 08.03.2021

ФИФА потврди: Херера може да игра за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација одсега ќе биде посилна за колумбиецот со Македонски пасош Себастиан Херера. Екс играчот на Работнички, а сега на унгарски МТК ги исполнува условите да настапува за нашата репрезентација и тоа го потврди деновиве и ФИФА. Од кровната фудбалска институција е дадено зелено светло, само уште да се докомплетира документацијата во нашата земја. Во секој случај, Спортмедиа дознава дека Херера е на списокот на селекторот Игор Ангеловски за предизвиците во месец март. А нив ги имаме и тоа како многу. Романија, Лихтенштајн и Германија. Мечеви со кои ќе го стартуваме квалификацискиот циклус за мундијалот во Катар 2022 година.

Решаваме проблем на левата бековска позиција

Херера е играч кој „оперира“ на левата бековска позиција, и тоа е една од позициите кои ни се проблем во моментов. На таа позиција крпиме со решенија што се вели често и ги немаме, па таму пополнува Џани Алиоски. Тој одамна не игра на таа позиција, со години е крилен напаѓач, а сега очигледно дека и нему ќе му олесни со повикот на натурализираниот колумбиец.

Затоа Херера откако замина во Унгарија и откако заигра во далеку поквалитетен шампионат од нашиот, очигледно дека го покажа сиот свој потенцијал и квалитет што го поседува, па истиот достигна и репрезентативно ниво.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk