ФИФА го казни Вукојевиќ, за него СП во Русија заврши

ФИФА го казни Вукојевиќ, за него СП во Русија заврши

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучила да го казни хрватскиот фудбалер Огњен Вукојевиќ со 15 илјади швајцарски франци поради неспорско однесување после утакмицата со репрезентацијата на Русија на СП во фудбал соопштила прес службата на ФИФА

Во соопштението се наведува дека Вукојевиќ е казнет "поради објавување на видео-снимка на социјалните мрежи на која после утакмицата со репрезентацијата на Русија рекол: "Ова е победа за Динамо и Украина".

Дисциплинската комисија на ФИФА го земала во обзир фактот дека членот на хрватската делегација и Хрватскиот фудбаски сојуз се извиниле за овој инцидент. Вукојевиќ после инцидентот го напуштил сместувањето во хрватската репрезентација", истакнува прес-службата.

И Вукојевиќ и Домогој Вида кои и двајцата преку видео снимката победата на руската репрезентација ја посветиле на Динамо и Украина, порано и двајцата играле за киевски Динамо од Украина.

Хрватскиот фудбалски сојуз го тргна Вукојевиќ од понатамошна работа на СП во Русија. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари