На вчерашниот состанок на Бордот на ФИБА, покрај одлуката претквалификациите за Светското првенство закажано за 2023 година да се одиграат во балон-систем, одреден е и распоредот по кој ќе се одиграат натпреварите.

Нашите момци од сениорскиот репрезентативен состав, во рамки на групата Ф ќе се пресметаат против Швајцарија и Словачка, од 12. до 18. август.

За сега не се одредени домаќините-организатори на балоните. Таа одлука ФИБА ќе ја донесе и објави во периодот од 7.-11. јуни 2021 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

12.08.2021 (четврток)
Македонија – Швајцарија

14.08.2021 (сабота)
Словачка – Македонија

16.08.2021 (понеделник)
Швајцарија – Македонија

18.08.2021 (среда)
Македонија – Словачка

sportmedia.mk