logo
logo
logo

ФФМ: Според протоколите на УЕФА не смееме да организираме никакви приеми на репрезентативците

Vecer | 01.06.2021

ФФМ: Според протоколите на УЕФА не смееме да организираме никакви приеми на репрезентативците

Фудбалската федерација на Македонија денеска им се заблагодари на сите кои искажуваат честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите, но, истовремено, согласно протоколите од УЕФА, потенцира дека ФФМ не е во можност да организира каков било прием на поединци или лица од државни институции со фудбалерите.

Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за било каква активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има потврдено позитивен случај на Ковид-19 ја потврдуваат лицата задолжени за здравствениот протокол во репрезентацијата, лекарскиот тим и д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

„Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозаат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир. Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот „меур“ за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен“, истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk