logo
logo
logo

ФФМ приреди едно поинакво доживување за фудбалските „гурмани“ (ВИДЕО)

Vecer | 07.06.2021

ФФМ приреди едно поинакво доживување за фудбалските „гурмани“ (ВИДЕО)

Одбројуваме до ЕП. И дефинитивно Македонија дише во фудбалски ритам. Во ритамот на нашите херои кои веќе во недела во Букурешт ќе го имаат свој прв историски настап на едно големо натпреварување, на ЕУРО 2020.

Се е во знакот на фудбалот, на репрезентацијата, на ЕП. На плоштадот имаме плакати од Пандев, во моловите се поставени обележјата на ФФМ, на ЕУРО…ечи химната -“Одиме на европско првенство…“

ФФМ овој пат им подготви едно поинакво доживување за сите фудбалски фанови. Во „Веро Џамбо“ се поставени дресовите на македонските репрезентативци, преку холограм. Ваквите ефекти низ објектот се нешто ново во нашата земја, а посетителите беа воодушевени.

Да се знае дека Македонија е фудбалска нација. Само требаше Пандев, Елмас и останатите да ја “разбудат“, да покажат дека и ние знаеме и тоа како да играме добар фудбал.

Останува само да им посакаме на нашите момци утре пријатен лет до Букурешт, да се подготват за во недела и првиот меч против Австрија и да покажат што знаат и можат.

А знаат и можат многу…

Напред момци!

Цела Македонија е со вас!

Нека ечи...“Одиме на европско првенство…“ секаде…ова е сонот кој го чекаме цели 28 години. 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0DJPEeexLWY[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk