logo
logo
logo

ФФМ на состанок со првите луѓе на турската фудбалска федерација

Vecer | 11.02.2021

ФФМ на состанок со првите луѓе на турската фудбалска федерација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски во „куќа на фудбалот“ одржаа работен состанок со претседателот на турската фудбалска Федерација, Нихат Оздемир и потпретседателот и член на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардинџи.

Состанокот со гостите од Турција е продолжување на конструктивната соработка меѓу двете пријателски федерации.

„Турската фудбалска Федерација е една од најголемите во Европа. За разлика од нив, ние сме мала федерација, но сме земја која се стреми кон големи работи и делиме подеднаква страст за фудбалот. Благодарност до нашите колеги од Турција за поддршката која ни ја даваат, во сите нивни одлуки се чувствува љубовта кон фудбалот и почитта кон сите нации, независно од нивната големина или финансиски удел. За нас е исклучително значајно да имаме партнер во Турската фудбалска Федерација и верувам дека нашата идна соработка ќе биде на многу повисоко ниво со конкретни проекти. Им се заблагодарувам на гостодинот Оздерим и господинот Јардинџи за нивната посета и се радувам на продолжувањето и негувањето на нашите добри односи“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk