logo
logo
logo

Фетел доби казна од пет места, ќе стартува како последен во Бахреин

Vecer | 28.03.2021

Фетел доби казна од пет места, ќе стартува како последен во Бахреин

Стјуардите го казнија новиот пилот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, со казна од пет позиции на стартот на премиерната трка од новата сезона, ГП на Бахреин.

Фетел го игнорираше жолтото знаме кое се појави за време на квалификациите по инцидентот на нововлезениот возач на Хас, Никита Мазепин. Себастијан мораше да забави, но не го стори тоа на време. Така, четирикратниот шампион во Формула 1 ќе ја започне првата трка од сезоната од последата позиција.

Покрај тоа, судиите му напишаа на Фетел три казнени поени за суперлиценцата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk