logo
logo
logo

Фенербахче бара да се преигра мечот со Аланија поради грешка на ВАР

Vecer | 30.04.2021

Фенербахче бара да се преигра мечот со Аланија поради грешка на ВАР

Во 38 коло на турската Супер лига, во 27 минута од мечот судијата досуди пенал откако еден играч на Аланија го собори Енер Валенсија во сопствениот шеснаесетник. Судијата Јашар Урурлу досуди пенал, но ја повлече одлуката по реакција на ВАР собата. Луѓето од ВАР собата му сугерирале на судијата дека фудбалерот на Фенер бил во офсајд пред да биде направен прекршок врз него. Фенер смета дека е оштетен во оваа ситуација и поради грешка на ВАР и поради грешка на судијата. Тие изглегоа со официјално соопштение. Ова реми може да ги чини и титула.

Од Фенер велат дека одлуката да се поништи пеналот е кршење на правилата на фудбалот и дека мечот мора да се преигра затоа што не се работи за судиска грешка туку грешка на системот за следење на ситуациите пред головите, во случајот ВАР.

Мечот заврши без голови, а Фенер сега има пет бодови помалку од лидерот Бешикташ по 36.кола. До крајот на сезоната ќе се одиграат уште четири натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk