logo
logo
logo

Фенер во Москва без тренер и шест играчи

Vecer | 21.04.2021

Фенер во Москва без тренер и шест играчи

Тежок удар да кошаркарскиот тим на Фенербахче кој се соочува со мини пандемија на коронавирус во екипата.

Заразени има многу, па во авионот на пат за Москва каде што Фенербахче треба да го игра следниот дуел од Евролигата против ЦСКА, вечерва од 19:00 часот ги нема пред се тренерот Игор Кокошков, а покрај него  и Џарел Еди, Боби Диксон, Едгарас Улановац Јагит Онан…

Сите овие дефинитивно го пропуштаат двомечот со ЦСКА во рамките од четвртфиналето од Евролигата.

Фенербахче последниот меч го одигра на 11 април и тоа со младински тим против Бурсаспор, а проблемите станаа уште поголеми една недела подоцна кога беше одложено големото дерби против Анадолу Ефес.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk