Фелаини како Мики Маус!

epa06200667 Manchester United's Marouane Fellaini celebrates scoring during the UEFA Champions League soccer match between Manchester United and FC Basel 1893 at the Old Trafford Stadium, in Manchester, Britain, 12 September 2017. EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Маруан Фелаини најде време за необична фото-сесија во магазинот „Џи Кју стајл“, дозволувајќи им на стилистите да се обидат да го фотографираат како Мики Маус.

Познатата афро-фризура на белгискиот играч на Манчестер јунајтед секогаш предизвикувала внимание, но секако не би му советувале да носи ваква фризура на фудбалскиот терен.

Во интервјуто за магазинот, Фелаини уште еднаш посочи дека не е агресивен играч, по новите обвинувања дека грубоста е неговиот главен квалитет.

„Лесно е да ме опишат како агресивен играч, но јас не сум таков. Се обидувам да ја играм мојата игра и бргу да ја добијам топката. Тоа е мојата работа и се обидувам да бидам најдобар што можам“, изјави Фелаини.

Тој исто така зборуваше за животот под водство на Жозе Мурињо.

„Научивме многу од него. Жозе сака да победи во секој натпревар и ги ‘турка’ играчите да стигнат до максимум. Има многу добро разбирање од фудбалот“, додава Фелаини.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари