logo
logo
logo

Федерер вечерва го игра својот последен натпревар

Vecer | 23.09.2022

Федерер вечерва го игра својот последен натпревар

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натпревар ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.

Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а дуелот започнува во 21:30 часот.

–Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм поседниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е остварување на сонот, изјави Федерер.

Легендарниот швајцарски тенисер во кариерата освои 103 трофеи, од кои 20 грен – слем титули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk