Федерер се помачи, но го помина Краиновиќ на домашниот турнир

epa07114344 Switzerland's Roger Federer in action during his first round match against Serbia's Filip Krajinovic at the Swiss Indoors tennis tournament in Basel, Switzerland, 23 October 2018. EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Осумкратниот шампион од Базел, Роџер Федерер имаше победнички старт на домашниот турнир, откако со 6:2/4:6/6:4 беше подобар од Србинот Филип Краиновиќ  во меч од 2 часа и 9 минути.

Во март, во последниот нивни дуел, Федерер загуби само три гема во Индијан Велс, но овојпат се намачи за да стигне до победата и загуби сет во првото коло во Базел првпат од 2008 година. Ова беше 40. победа на Швајцарецот оваа сезона и 67. триумф во Базел, каде што има низа од 16 победи по поразот во финалето во 2013 година од Хуан Мартин дел Потро.

Следен за Федерер е Германецот Јан-Ленард Штруф, кој со 7:6(3)/6:2 во првото коло го совлада Австралиецот Џон Милмен.

Фото: ЕПА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари