Индијан Велс

Федерер „собирач на топчиња" на тренингот на Ѓоковиќ (Видео)

На тренингот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, на мастерс турнирот во Индијан Велс се случи и нтересна ситуација кога на него пристигна Швајцарецот Роже Федерер.

Ѓоковиќ тренираше на еден од терените кој беше опколен со многу негови фанови, а во паузата меѓу поените пристигна и Федерер, кој имаше закажано тренинг на истиот терен малку подоцна.
Федерер како собирч на точиња во придружба на обезбедувањето протрча покрај мрежата, ја поздрави публиката и на крајот му го дофрли топчето на Ѓоковиќ.

Очекувано, следеа гласни овации за освојувачот на 18. Грен слем титула.

Швајцарецот во наредното коло ќе игра против Стефан Робера од Франција, кој од тирнирот го елиминираше Дуду Села од Израел со 6:4, 6:4, додека Ѓоковиќ ќе игра против Кајл Едмунд .

Поврзани

Најнови вести

Коментари