logo
logo
logo

Федерер ја заврши кариерата и се „утепа“ од плачење (Видео)

Vecer | 24.09.2022

Федерер ја заврши кариерата и се „утепа“ од плачење (Видео)

Сопругата на Роџер Федерер, Мирка, пушти солзи додека тој го одржа својот последен, проштален говор на крајот од кариерата. Во двојки со Рафаел Надал во Тимот на Европа, Федерер загуби од Американците Џек Сок и Френсис Тиафо од Тимот на светот, во три сета. По мечот, Швајцарецот низ солзи истакна дека е среќен по „патувањето“ исполнето со бројни успеси.

- Беше прекрасно, им кажав на момците дека сум среќен, прекрасно е чувството да се биде овде. Уживав, се ми беше последен пат. Сите се тука, семејството, пријателите, навивачите, не беше толку стресно. Во секој момент мислев дека нешто ќе се скрши, лист, грб. Натпреварот беше одличен, не можев да бидам посреќен, изјави Федерер, пред публиката во преполната О2 Арена во Лондон.

Тој им се заблагодари и на сите што дојдоа.

- Играв со Рафа, сите легенди овде, Стефан Едберг, Род Лејвер, ви благодарам на сите. Не сакав да се чувствувам сам на теренот, така се чувствував за секунда, но кога се збогував со тимот се чувствував како да сум тимски играч. На синглот не му дозволува многу. Беше неверојатно да се игра со нив, низ ова повеќегодишно патување. Со сите играчи од мојот тим и од другиот тим беше задоволство да се игра.

Обраќањето траеше долго, а Федерер зборуваше и за своето семејство. Тоа на крајот и многу го погоди.

- Дали треба да разговараме за тоа? Досега можев барем да зборувам. Кога замислував, мислев дека нема да можам да зборувам во овој момент. Сите се тука. Моето семејство се разбира, многу се забавувавме во последните 13 години. Сите се тука, момците, девојките, жена ми која толку многу ме поддржуваше и секако дека можеше да ме запре одамна, но не го стори тоа. Ме пушти да играм и ме одржа, навистина е неверојатна и и благодарам. Благодарност до родителите... Има премногу луѓе на кои би морал да им се заблагодарам, вечерта беше фантастична, благодарност до сите , изјави Федерер

Федерер во својот последен натпревар во кариерата не успеа да забележи победа во двојки со Рафаел Надал, иако беа на поен од триумф, но на крајот славеше американскиот пар Џек Сок и Френсис Тијафо со 4-6, 7-6, 11-9.

Последниот натпревар во кариерата на легендарниот швајцарски тенисер одигран на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон траеше два часа и 15 минути и донесе фантастичен тенис.

Федерер стави точка на кариерата во која освои 103 трофеи, вклучувајќи 20 грен – слем титули.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk