logo
logo
logo

Федерацијата излегува во пресрет: Вардар од понеделник ќе тренира на ФФМ!

Vecer | 19.02.2021

Федерацијата излегува во пресрет: Вардар од понеделник ќе тренира на ФФМ!

ФК Вардар од понеделник, временскиот период не е точно одреден, ќе тренира на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Добар потег на Федерацијата која му излезе во пресрет на нашиот најтрофеен клуб, нешто што го правеше и за други клубови.

Инаку експедицијата на Вардар попладнево ги завршува мини – подготовките во Охрид и се враќа во Скопје. Утре последниот тренинг пред “Дербито на Македонија“ со Пелистер, кое се игра во недела на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 14 часот, ќе се одработи на теренот во Марино, со цел играчите да осетат тревнат терен со оглед на тоа дека тренинзите во Охрид, но и претходно во Скопје, беа одржувани на терени со вештачка трева.

Според зборовите на стратегот Никола Илиевски – Џиџи, овие неколку денови во Охрид се работело напорно, одиграна беше и една пријателска средба, а тој веќе има увид за тоа што и како со тимот и формацијата за дуелот со Пелистер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk