logo
logo
logo

Фавре главен кандидат за Ајнтрахт Франкфурт

Vecer | 13.04.2021

Фавре главен кандидат за Ајнтрахт Франкфурт

На повидок тренерска вртелешка во Бундеслигата. Откако Борусија Дортмунд го ангажираше Марко Розе од Борусија Менхенгладбах, „Менш“ пак ќе го промовира Ади Хитер од Ајнтрахт Франкфурт, а сега тимот од Франкфурт е блиску да го претстави екс тренерот на Дортмунд, Лусен Фавре.

Фавре е без работа од јануари годинава, откако доби отказ од „милионерите“, а неговото место до крајот на сезоната го превзеде Един Терзиќ, а од идната сезона главен тренер ќе биде Марко Розе.

Вчера Борусија Менхенгладбах објави дека склучила договор со тренерот на Ајнтрахт, австриецот Хитер кој по три години во Ајнтрахт ќе замине во друг клуб. Интересно е тоа што Ајнтрат идната сезона ќе игра во ЛШ, додека Менхенгладбах во ЛЕ, но Хитер, сепак, прифатил да замине во Менхегладбах.

Како стојат работите, Фавре повторно ќе води тим кој ќе игра во Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk