logo
logo
logo

Фановите на Наполи во транс, Спалети навистина тоа го направи! (ФОТО)

Vecer | 26.05.2023

Фановите на Наполи во транс, Спалети навистина тоа го направи! (ФОТО)

Лучано Спалети ќе остане вечно во меморијата на фановите на Наполи како човек кој е најзаслужен за титулата и тоа по долги 33 години.

Сепак и тоа не е доволно тој да остане и натаму во клубот под Везув, ако се знае како скандал направи газдата Де Лаурентис кога без согласност од страна на својот тренер објави дека има нов договор за нова соработка.

По ова секако дека Спалети најверојатно ќе си замине од Наполи, но тој го направи она што малку кој веруваше дека ќе го стори. Имено на својата лева рака направи тетоважа со знакот на третата титула на Наполи.

Или пак оваа тетоважа значи дека Спалето одлучи да остане во клубот каде што игра и нашиот Елиф Елмас.

Набргу ќе дознаеме во секој случај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk