МАРИО КЕМПЕС НЕМА ДИЛЕМА

Фановите на Марадона сакаат Меси да не игра на СП 2018

Аргентина има обврска да слави во последниот кавлификациски дуел против селекцијата на Еквадор, но и со евентуалните три бода, можно е поранешниот светски шампион да заврши на петтата позиција, која носи дополнителни бараж натпревари против претставникот на Океанија

Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Марио Кемпес, е убеден дека ќе се случи вистинска "катастрофа" доколку најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант, Лионел Меси, го пропушти претстојниот Мундијал во Русија.

Најзаслужниот за светската титула која "гаучосите" ја освоија во 1978 година, верува дека само фановите на Диего Армандо Марадона ќе се радуваат доколку Меси го пропушти СП во Русија.
Аргентина има обврска да слави во последниот кавлификациски дуел против селекцијата на Еквадор, но и со евентуалните три бода, можно е поранешниот светски шампион да заврши на петтата позиција, која носи дополнителни бараж натпревари против претставникот на Океанија.

Светско првенство без Аргентина и без Лионел Меси е еднакво на катастрофа. Само фановите на Диего Армандо Марадона ќе се радуваат доколку Меси го пропушти Мундијалот во Русија. На тој начин, тие ќе повторуваат дека Марадона е најдобар, дека Меси никогаш нема да биде подобар од Диего, изјави Кемпес.

Освен што мисли за СП без Аргентина, Кемпес откри какво мислење има и за коментарите дека националниот тим има проблем кој е од ментална природа.

Не можам да ги разберам коментарите дека проблемот е од некаква психолошка природа. Ако ми кажете дека тие се деца, кои го немаат потребното искуство, кои за првпат играат за националниот тим, кои не знаат како треба да се однесуваат пред полн стадион, тогаш ќе кажам дека имаат психолошки проблем, ќе кажам дека се уплашени. Сепак, ако ја анализираме моменталната ситуација, моменталниот тим, лесно ќе дојдеме до заклучок дека нема никаков психолошки проблем. Претстојните 90 минути ќе покажат дали Жорге Сампаоли може да биде вистински спасител, затоа што сите пред неколку месеци изјавуваа дека Сампаоли ќе ја спаси Аргентина, изјави Кемпес.

Поврзани

Најнови вести

Коментари