logo
logo
logo

ФАНОВИТЕ НА ЈУВЕНТУС ВО ТАГА: Буфон го напушта клубот и се сели во друг!

Vecer | 17.04.2021

ФАНОВИТЕ НА ЈУВЕНТУС ВО ТАГА: Буфон го напушта клубот и се сели во друг!

Џанлуиџи Буфон по втор пат ќе го напушти Јувентус, тоа е главна вест утрово во италијанските медиуми!

Буфон е вистински симбол на „старата дама“. Остана во торинскиот клуб кога беше на врвот на славата и тоа после освоениот Мундијал. Можеше да оди било каде, но остана со Јувентус во Серија Б.

Првпат Јувентус го напушти пред три години кога се пресели во ПСЖ, меѓутоа се врати после само една сезона. Втор пат тоа може да го напушти за неколку месеци, овој пат би останал во Италија.

Имено, италијанските медиуми утрово на големо пишуваат за договор помеѓу Буфон и Аталанта.

Иако има 43 години Буфон и оваа сезона со неколку настапи покажа дека може да брани на високо ниво, а целата му е да заигра на Мундијалот во Катар во 2022 година. Тоа за него би бил шести Мундијал во кариерата.

Првиот контакт со Аталанта е воспоставен. Тимот од Бергамо би требало да ги продаде Спортиело и Голини кој е мета на Рома додека следната сезона голманскиот тандем треба да им го сочинуваат Буфон и младиот Карнески кој сезонава е на позамица во Кремонесе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk