logo
logo
logo

Фановите на Јунајтед го блокираа тренинг кампот, бараа заминување на семејството Глејзер!

Vecer | 22.04.2021

Фановите на Јунајтед го блокираа тренинг кампот, бараа заминување на семејството Глејзер!

Ситуацијата во Манчестер Јунајтед воопшто не се смирува, се чини дека истата ескалира иако од завчера се знае дека нема ништо од настапот на овој гигант во Суперлигата.

Фановите на еден од најпопуларните клубови во светот сметаат дека е малку оставката на директорот Вудворд, тие сакаат заминување на семејството Глејзер, кое е газда, од клубот.

Па така денеска тие го блокираа тренинг – кампот и не им дозволуваа на играчите да го одработат тренингот, бараа средба и со тренерот Оле Гунар Солскјер.

Сепак работата ја смируваше Србинот Немња Матиќ, а потоа дојде и самиот Солскјер. Фановите имаат што да му кажат на тренерот на “ѓаволите“, кој пак застана во одбрана на своите газди, потенцирајќи дека семејството Глејзер го сака клубот.

Во тие моменти се појави полицијата па протестантите се разотидоа.

Да кажеме дека во текот на вчерашниот ден Џое Глејзер им се обрати на фановите и притоа им се извини за се она што се случуваше со Суперлигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk