Навивачите на Арсенал и денеска се појавија на протест против сопственикот на клубот Стен Кронке. Поголема група фанови на 2топчиите“ се собра пред „Емирати“, скандирајќи против американскиот бизнисмен.

Навивачите масовно скандираа: „Стен Кронке, тргни се од нашиот клуб“.

Да потсетиме, Џош Кронке, синот на Стен, претходно комуницираше со навивачите преку видео врска откако клубот најпрво влезе, а потоа и експресно се откажа од учеството во Супер лигата.


sportmedia.mk