Расел Вестбрук се повреди на вториот натпревар од разигрувањето. Тој мораше да го напушти теренот, настрада неговиот десен скочен зглоб. На патот кон соблекувалната ѕвездата на Вашингтон се соочија со непријатен момент.

Навивачите на Филаделфија го дочекаа на излезот и го маваа со пуканки. Вестбрук целосно ја загуби контролата, сакаше да се пресметка со нив, но на голема среќа не дојде до голем скандал.

Неговиот тим беше поразен на оваа средба со 120-95, Филаделфија поведе со 2-0 во плеј-оф серијата.

На останатите две средби, Њујорк после осум години дојде до победа во разигрувањето, ја совлада Атланта со 101-92 пред 16.000 навивачи. Роуз со 26 поени го предводеше својот тим, на другата страна Јанг имаше 30 поени.

На последната средба Јута беше подобра со Мемфис со 141-129 за изедначување на 1-1.


sportmedia.mk