logo
logo
logo

Фанатик се обидел да провали во куќата на Нејмар и да му даде Библија

Vecer | 18.05.2021

Фанатик се обидел да провали во куќата на Нејмар и да му даде Библија

Религиозен фанатик се прекачил преку оградата, влегол во дворот и потоа се обидел да влезе во куќата на напаѓачот на ПСЖ Нејмар, пренесува „Екип“. Според истиот извор инцидентот се случил пред мечот од 37.коло во Лига 1 помеѓу ПСЖ и Ремс.

Лицето се обидело преку вратата и преку прозорецот да влезе во куќата, но се огласил алармот по што побегнал. Но набргу потоа полицијата го уапсила. Утврдено е дека се работи за граѓанин на Ангола, а во ранецот биле пронајдени Библии. Тој се изјаснил дека сакал на Нејмар да му ги пренесе „Зборовите на Господ“.

Полицијата не го задржала, туку го испратила во психијатриска клиника. Во ПСЖ фудбалерите се претпазливи и обезбедувањето е зголемено откако неколку месеци претходно двајца фудбалери биле ограбени, а нивните фамилии држени како заложници.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk