logo
logo
logo

Фалкао добил скршеница на лицето на тренинг на Галатасарај

Vecer | 12.04.2021

Фалкао добил скршеница на лицето на тренинг на Галатасарај

35-годишниот колумбиски напаѓач во дресот на Галатасарај, Радамел Фалкао беше сериозно повреден на тренинг на екипата, јавија турските медиуми. Фалкао се судрил со еден од неговите соиграчи, играчот за врска Керем Актиркоглу, по што морал итно да биде хоспитализиран.

Прес-службата на Галатасарај извести дека кај напаѓачот е дијагностицирана фрактура на коска на лицето. Колумбиецот ќе биде подложен на операција. Времето потребно за враќање на терените, сè уште не е познато.

„Според резултатите од испитувањата, Керем Актуркоглу немал никакви здравствени проблеми. Како мерка на претпазливост ќе остане под опсервација“, додаваат претставниците на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk