logo
logo
logo

Ф1: Верстапен го искористи „пехот“ на Леклер и триумфираше во Шпанија

Vecer | 22.05.2022

Ф1: Верстапен го искористи „пехот“ на Леклер и триумфираше во Шпанија

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен е победник на Шпанското ГП во светскиот шампиопнат. На патеката „Каталуња“, Холанѓанецот ја искористи шансата која му се укажа по проблемите со болидот на Леклер и на крајот успеа да дојде до нова победа.

Трката во Барселона беше шестата трка од годинешниот шампионат, а возачот на Ред Бул, кој стартуваше втор, успеа да ја оствари четвртата победа сезонава, трета едноподруго по триумфот и во Мајами и претходно на патеката во Емилиа Ромања.

На подиумот место обезбедија и неговиот тимски колега Серхио Перез и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Трката ја одбележа и „пехот“ на Шарл Леклер од Ферари, кој беше лидер се до 28-от круг, кога се појавија технички проблеми со болидот и мораше предвреме да ја заврши трката. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk