Челниците на Формула 1 го повлекоа турското Гран при од календарот што требаше да се вози во јуни во Истанбул, но поради рестрикциите во оваа држава поради КОВИД-19 истата е откажана. ГП на Истанбул ја замени ГП на Канада пред две недели поради рестрикциите во Канада но сега затоа што Турција е на „црвената листа“ на многу држави се откажува и трката во Истанбул.
Па сега ќе има поместувања во календарот. Француското ГП ќе се вози од 18 до 20 јуни, а потоа следуваат два едноподруго викенда со трки на „Ред Бул Ринг“ на „Шпилберг“ прво како Штаерско ГП па потоа ГП на Австрија.
Засега останува списокот од 23 трки во сезоната.


sportmedia.mk