Еден од водечките луѓе на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека раководството на шампионатот ја разгледува можноста за одржување на една трка и на територијата на Африка. Според него, опциите се разгледуваат со една од земјите во Северна Африка, но исто така се разговара и со Јужна Африка.

„Ова е важно прашање. Мислам дека ова е важно и од гледна точка на добивање нов регион, и од аспект на враќање на старата патека со големо наследство во Формула 1 “, вели Доменикали.

Последен пат Формула 1 трка во Африка се одржа во 1993 година. Трката последен пат се одржа во Јужна Африка. Во моментов, има трка од Формула Е шампионатот која се одржува во Африка, поточно во Мароко.

sportmedia.mk