logo
logo
logo

Евролигата не може без ЦСКА (М): „Армејците“ се враќаат, ќе бидат домаќини во Белград?

Vecer | 17.05.2022

Евролигата не може без ЦСКА (М): „Армејците“ се враќаат, ќе бидат домаќини во Белград?

Руска ЦСКА Москва следната сезона би можела да ги продолжи настапите во Евролигата.

Како што е познато, руските тимови беа исфрлени од Евролигата по почетокот на војната меѓу Русија и Украина, па ЦСКА, Зенит и Уникс, заедно со Локомотив во Еврокупот не ја завршија сезоната.

Според „Еурохопс“, ЦСКА Москва би можела многу лесно да биде дел од елитното друштво следната сезона, а на акционерите и официјално им ги соопштиле намерите. Евролигата се обидела да и ја одземе А лиценцата на тимот на ЦСКА Москва, но тоа не било правно возможно, бидејќи клубот може сам да се откаже од лиценцата, но Евролигата не може да ја одземе.

Се очекува оваа недела во Белград за време на фајнал-фор турнирот, ЦСКА да одржи многу важен состанок со врвот на Евролигата, на кој има реални шанси клубот да се врати во Евролигата од октомври.

Постои дури и опција ЦСКА да ги игра домашните натпревари во Белград.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk