logo
logo
logo

ЕВРОЛИГА: Катастрофа на Реал Мадрид во Истанбул, Анадолу Ефес води 2:0, Милано уште еднаш го совлада Баерн

Vecer | 22.04.2021

ЕВРОЛИГА: Катастрофа на Реал Мадрид во Истанбул, Анадолу Ефес води 2:0, Милано уште еднаш го совлада Баерн

Реал Мадрид се наоѓа пред елиминација од кошаркарската Евролига, откако „кралевите“ вечерва загубија катастрофално во Истанбул од Ефес (91:68). Домаќинот ги доби сите четири четвртини, а направи огромна предност уште во првиот дел, која ја одржуваше во текот на вториот.

Мициќ беше незапирлив со 23 поени, а го следеше Ларкин со 21. Со тоа Ефес се стекна со предност од 2:0 во серијата подобар од три.

Во вториот натпревар, Олимпија Милано го совлада Баерн и поведе со 2:0 во серијата. Италијанскиот тим на домашен терен беше неприкосновен, и благодарение на одличното прво полувреме, славеше на крај со 80:69. Најефикасниот кошаркар на средбата беше од Болдин од Баерн, а кај победничкиот тим најефикасен беше Пунтер со 20 поени.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk