Барселона се пласираше во финалето на Евролигата откако вечерва во полуфиналето од Ф4 го совлада Олимпија Милано со 84:82. Барселона имаше контрола на мечот и по првото полувреме водеше со 51:42 меѓутоа во третата четвртина кошаркарите на Милано имаа импресивна завршница и го свртеа резултатот во своја корист (67:71). Се прејде кон последната четвртина и решавачка, а таму Барселона поснаодлива но и посреќна. Прво Кевин Пантер погоди тројка за изедначување, а потоа истиот играч повторно се обиде за три но сега промаши, по што Хигинс ја зема топката и поентираше за два поени.

Во последните секунди промашија Болмаро и Пантер, па Барселона излезе како победник во овој трилер меч.

Во финалето Барселона ќе игра против Анадолу Ефес кој претходно ја елиминира ЦСКА Москва. Финалето е закажано во недела, а целиот Ф4 турнир се игра во Келн.

Исто така во недела за третото место ќе се соочат ЦСКА и Олимпија Милано.

Foto> Twitter/FCBarselonaFL

sportmedia.mk