logo
logo
logo

Евертон се извлече, Лестер и Лидс се збогуваа со Премиер лигата

Vecer | 28.05.2023

Евертон се извлече, Лестер и Лидс се збогуваа со Премиер лигата

Последното коло во англиската Премиер лига донесе разврска на дното на табелата. Евертон успеа да се спаси по победата од 1:0 над Борнмут што беше доволно за 17. место на табелата и сигурна зона.

Тоа не му беше во прилог на Лестер кој и покрај тоа што го победи Вест Хем со 2:0 остана на 18. место. Лидс изгуби на домашен терен од Тотенхем со 1:4 и заврши претпоследен па по две сезони во елитата клубот од Јоркшир се враќа во Чемпионшип дивизијата.

Лестер, кој беше шампион во сезоната 2020/21, по девет години се враќа во Чемпионшип. Во понизок ранг одамна се пресели Саутемптон кој заврши како последен.

Манчестер Сити е шампион и заедно со Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл одат во ЛШ. Ливерпул и Брајтон ќе играат во Лига Европа, а Астон Вила во Лигата на конференции. Клубот од Бирмингем успеа да победи во последното коло и да заврши на седмото место пред Тотенхем.

РЕЗУЛАТИ, ПОСЛЕДНО КОЛО

АРСЕНАЛ- ВУЛВЕРХЕМПТОН     5:0
АСТОН ВИЛА – БРАЈТОН              2:1
БРЕНТФОРД – МАН.СИТИ           1:0
ЧЕЛЗИ – ЊУКАСЛ            1:1
КРИСТАЛ ПАЛАС – НОТИНГЕМ 1:1
ЕВЕРТОН – БОРНМУТ     1:0
ЛИДС – ТОТЕНХЕМ         1:4
ЛЕСТЕР – ВЕСТ ХЕМ         2:1
МАН.ЈУНАЈТЕД – ФУЛАМ            2:1
САУТЕМПТОН – ЛИВЕРПУЛ         4:4

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk