logo
logo
logo

Еве колку е популарен Роналдо - ГЛАВЕН И КОГА НЕ ИГРА (ФОТО)

Vecer | 07.12.2022

Еве колку е популарен Роналдо - ГЛАВЕН И КОГА НЕ ИГРА (ФОТО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо овојпат по одлука на селекторите мораше да остане на клупата, но тоа не ја спречи масата фоторепортери да го фотографираат.

Имено, Роналдо не стартуваше на натпреварот помеѓу Португалија и Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Очигледно селекторот Фернандо Сантош имаше свои причини за тоа, кои на крајот се покажаа како коректни, бидејќи Португалија победи со разлика од 6:1.

Но, како што вообичаено се случува, ѕвездата на фудбалскиот клуб очигледно е многу ценета и популарна иако овој пат не играше, а за тоа сведочат и фотографиите кои го обиколија светот.

Толпа фоторепортери и новинари се собраа да ја фотографираат целата екипа, но најмногу Кристијан за време на интонирањето на националната химна на почетокот на натпреварот. Нивното однесување ги шокираше сите присутни бидејќи повеќето од фоторепортерите се туркаа кон Кристијан и ги вперија камерите само кон него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk