(ВИДЕО) Летаа димни бомби и столици: Еве како започна тепачката меѓу Чкембарите и публиката во „Јане Сандански“

Teнзично дерби меѓу Вардар и Пелистер во салата „Јане Сандански“. Прекин имаше веќе во 12 минута кога влегоа навивачите на Еурофарм. Своето присуство го најавија со неколку чадни бомби и тресење на оградата.
хулигански бараби… pic.twitter.com/tklUi3EoDX
— Џафа (@5_do_12) March 26, 2023
Тоа како да ги испровоцира навачите на Вардар од кои беа одвојени со мал кордон полиција. Веднаш почнаа да летаат запалки, шишиња, димни бомби и по некоја столица. Мора да се признае дека Интервентната единица не си ја заврши работата бидејќ и беше за очекување дека ќе дојде до инцидент и малку фалеше за директна пресметка.
Откако навивачите се „испразнија“ натреварот продолжи и по завршувањето салата се испразни но Чкембарите останаа надвор додека просторот околу „Јане Сандански“ не биде чист и навивачите не бидат „натоварени“ во автобусти за Битола.