logo
logo
logo

Еве го распоредот на настапите на нашите спортисти на ОИ во Токио

Vecer | 23.07.2021

Еве го распоредот на настапите на нашите спортисти на ОИ во Токио

Осум наши спортисти ќе ја претставуваат Македонија на престојните Олимписки игри кои беа отворени денеска. Македонската делегација веќе зачекори на стадионот во Токио на отворањето на ОИ.

Првиот наш спортист ќе биде Борјан Бранковски кој утре во 6 часот наутро ќе се појави во квалификациите во стрелаштво на 10 метри воздушен пиштол, а утре излегува и пливачот Филип Деркоски во 13 часот на 400 метри слободна.

На вториот ден на игрите својот настап ќе го има џудистката Арбреша Реџепи во категоријата до 52 килограми.

Дејан Георгиевски ќе настапи на 27 јули, и тоа нешто после 3 часот по полноќ.

Миа Блажевска Еминова на 28. јули настапува во 14 часот, а Јован Стојоски на 1. август трча квалификации на 400 метри. Каратистката Пулексенија Јованоска ќе се појави на татамите на 5. август во 3 часот по полноќ, додека последен наш спортист на игрите ќе биде борачот Могомадгаџи Нуров кој својот настап во категоријата над 97 килограми во слободен стил ќе го има на 6. август.

Целиот распоред на македонските спортисти:

1. Борјан Бранковски – 10 метри воздушен пиштол квалификации (24.07.2021 – 06:00)

2. Филип Деркоски – 400 метри слободно квалификации (24.07.2021 – 12:48)

3. Арбреша Реџепи – Џудо -52кг. (25.07.2021 – 04:00)

4. Дејан Георгиевски – Таеквондо 80кг. (27.07.2021 – 03:15)

5. Миа Блажевска Еминова – 100 метри слободно квалификации (28.07.2021 – 14:00)

6. Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 03:45)

7. Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 03:00)

8. Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021)

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk