logo
logo
logo

Еуро Никел се „стопи“ во финишот, МЗТ Скопје на победа до титулата

Vecer | 04.06.2021

Еуро Никел се „стопи“ во финишот, МЗТ Скопје на победа до титулата

Еуро Никел не успеа да му се реваншира на МЗТ Скопје, на „домашен“ терен беше совладан со 91-95 во вториот финален натпревар во плеј-офот. Избраниците на Дарко Радуловиќ се најдоа на победа (2-0) до титулата, истата можат да ја прослават веќе во недела.

И оваа средба беше неизвесна, со бројни пресврти, во важните минути подобро се снајдоа гостинските кошаркари. Во 36. минута направија серија од 9-0.

Крстевски со 22 поени и Магдевски со 20 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, на другата страна Рикиќ имаше 31 поен и 11 скока.

Кавадарчани одново подобро влегоа на дуелот, по изедначената битка во воведните минути, ја превзема контролата на резултатот. Трпеливо ја градеше позитивата, на стартот на вториот период имаше двоцифрени 32-22. Но, тука застанаа. Следеше кам-бек на МЗТ Скопје, со серија од 3-16, за водство од 35-38. На одморот, Еуро Никел, успеа да замине со 47-45.

Третиот период мина во падови и подеми кај двата тима. Домаќинот на двапати имаше плус осум (53-45 и 55-47), но гостинските кошаркари брзо се вратија, на кратко имаа и водство. Предноста од два коша (69-67) за Еуро Никел на стартот на последната четвртина беше најава за драма.

Така и беше, Еуро Никел беше на два до три поени во позитива, која секако беше осетлива и брзо решлива. Во 36. минута, МЗТ Скопје почна да ја гради клучната предност, со девет поени во низа поведе со 79-86. Техничка грешка заработи Горан Самарџиев, овој момент како да ги извади од колосек кавадарчани.

Не се вратија кошаркарите на Еуро Никел, па својата шанса за победа ќе мора да ја бараат во Скопје. Магдевски во клучните моменти беше непогрешлив.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk