logo
logo
logo

Еуро Никел најдобар кога е најпотребно, Пелистер се лизна во Кавадарци

Vecer | 19.05.2022

Еуро Никел најдобар кога е најпотребно, Пелистер се лизна во Кавадарци

Ретко кој очекуваше дека по онаа црна низа, кошаркарите на Еуро Никел ќе успеат да се издигнат и да се вратат на третото место на табелата во Супер-лигата. Избраниците на Горан Самарџиев по ТФТ, на домашен терен го совладаа Пелистер со убедливи 94-70 и се најдоа на чекор до место во плеј-офот. А истото ќе треба да го потврдат со победа над Феникс во последното коло од Супер-лигата.

На другата страна пак битолчани останаа без шанси да се вратат на лидерското место пред стартот на претпоследната битка која носи пласман во финалето. Во следната рунда играат со директниот конкурент, но по овој пораз, ќе останат на второто место и со триумф над МЗТ Скопје.

Одличната игра во третата четвртина беше клучна за триумфот на кавадарчани, овој период го добија со 31-12 и во последните десет минути влегоа со позитива од 81-57, недостижна за гостите, кои беа без Марјан Илиевски на клупата и Бобан Стајиќ во составот. Двајцата беа суспендирани поради инцидентот во Гостивар.

Џекиќ беше стрелец на 16 поени, Дубински запиша 15, додека Калахан 13. На другата страна Кесар имаше 20 поени, Малешевиќ 15, еден помалку запиша Младеновски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk