logo
logo
logo

Еуро Никел конечно го урна Работнички, се најде на победа до финале (ФОТО)

Vecer | 26.05.2021

Еуро Никел конечно го урна Работнички, се најде на победа до финале (ФОТО)

Еуро Никел за првпат сезонава успеа да го совлада Работнички, и тоа во првата полуфинална пресметка. Кавадарчани на гостински терен славеа со 66-68 и поведоа со 1-0 во плеј-оф серија, нов триумф на следната средба во Гевгелија ќе значи пласман во финалето.

Рикиќ со 17 поени и 13 скока беше прв стрелец, 14 поени имаше Мијатовиќ, два помалку Дубински. Кај домашниот состав, Бундовиќ беше единствената светла точка со 21 поен.

Неверојатна трета четвртина одиграа кавдарачани, постигнаа 23 поени, наспроти Работнички кој снема муниција, реализира само осум поени, па во последните десет минути гостите влегоа со позитива од 36-56. Ова беше најголемо водство на избраниците на Горан Самарџиев на мечот.

Работнички имаше водство само во првата четвртина која ја доби со 15-12, а отвори со 6-1. Со серија од 6-0, кошаркарите на Еуро Никел поведоа со 15-20, до полувремето не го испуштија водството (28-30).

По ова следеше неверојатниот трет период. Работнички заигра подобро во последните десет минути, се разбуди во финишот, дојде на минус четири (62-66), па и на 64-66, но немаше доволно време за пресврт. Мијатовиќ погоди две слободни фрлања и стави печат на мечот.

Шанса за израмнување во серијата и за подобра игра, избраниците на Мираковски ќе имаат за два дена, доколку не ја подобрат играта ќе бидат елиминирани од битката за трофеј.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk