logo
logo
logo

ЕУРО 2021: Италија оди на „три од три“ и изедначување на рекорд стар 82 години

Vecer | 20.06.2021

ЕУРО 2021: Италија оди на „три од три“ и изедначување на рекорд стар 82 години

Репрезентацијата на Италија веќе се пласира во осминафиналето по двете стартни победи, над Турција и над Швајцарија со идентични 3:0 па со шест бода и без примен гол влегуваат во третото коло. Од сите репрезентации „Аѕурите“ покажаа најубав и најефикасен фудбал досега, а вечерва можат да заокружат 100% ефект со победа над Велс.

Велшаните имаат четири бода и со реални шанси за пласман понатаму. На селекцијата од Островот ќе и треба многу напор и борба за да остане непоразена во Рим. Велс ќе биде меѓу првите две со реми или доколку Швајцарија не ја победи Турција на друиот натпревар. Со победа Велшаните ќе бидат и победници во групата.

Овие две селекции одамна немаат играно меѓу себе. Последните дуели им се од 2002 година со победа на Италија со 4:0 во Милано и победа на Велс со 2:1 во Кардиф.

Италија е во серија од 29 меча без пораз. Ако избегнат пораз и денеска, ќе ја изедначат својата најдолга низа без пораз од 30 меча остварена помеѓу 1935 и 1939 година. Исто така „Аѕурите“ немаат примено гол 965 минути.

Швајцарија ќе се соочи со Турција и потребна им е победа за да останат во игра за осминафиналето. Турците не можат на првите две места но можат со победа да стигнат до третото место и да се надеваат дека ќе им се поклопат резултатите од другите средби.

ДЕНЕСКА НА ЕП (20.06.2021)
ГРУПА А
ИТАЛИЈА – ВЕЛС    18:00 ч.
ШВАЈЦАРИЈА – ТУРЦИЈА    18:00 ч.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk