logo
logo
logo

Еурникел по продолжение му нанесе тежок удар на Кожув

Vecer | 24.03.2021

Еурникел по продолжение му нанесе тежок удар на Кожув

Дуелот меѓу Кожув и Еуроникел ги оправда очекувањата, победникот беше решен по дополнителни пет минути, а бодовои ги земаа кавадарчани кои славеа со 76-81. Со овој пораз, Кожув ги губи шансите за место во суперлигашката трка.

По првата четвртина која заврши со 20-20, домашниот состав одигра одлично во следниот период, на полувремето има двоцифрени (44-34). Кавдарчани се разбудија во следниот период, ја анулираа двоцифрената негатива. Водството постојано се менуваше, на крајот Скот погоди за 66-66, на другата страна Дубински не успеа да реализира, истото се случи и со Скот, па мечот замина во дополнителни пет минути.

Кавадарчани со серија од 5-0 на минута и пол до крајот поведа со 72-78. Кожув се доближи на 76-78, но Соколов постигна два поени во вистинско време, а Петровски стави печат на победата.

Караколев и Дубински имаа по 15 поени, Соколов и Мијатовиќ по 14 поени, кај поразениот состав, Скот запиша 25 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk