logo
logo
logo

Ерлиќ е херојот на Специја против Кротоне

Vecer | 10.04.2021

Ерлиќ е херојот на Специја против Кротоне

Фантастичен финиш на тимот на Специја на домашен терен против Кротоне во рамките од првиот меч од денешната програма во Серија А, во која домаќините со два гола во последните три минути од мечот успеаа од 1:2, да го завртат резултатот на 3:2, и да освојат злато вредни три бода.

Се до деведесеттата минута од мечот, Кротоне имаше се но на крајот остана со празни раце. Најпрво, Маџоре израмни на 2:2, а потоа хрватскиот интернационалец Мартин Ерлиќ успеа во судиското продолжение да погоди за конечни 3:2.

Претходно Кротоне на два пати водеше еднаш преку голот на Џиџи, а по израмнувањето на Верде Занелато погоди за 1:2. Сепак, со ретко виден финиш, Специја дојде до 32. бода сезонава и 14. место на табелата, додека Кротоне остана закован на последното место со 14 бода.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk