Еркин може да заглави две години затвор за навреда кон судијата? (видео)

epa03685506 Fenerbahce's Caner Erkin shows his dejection after the UEFA Europa League semi final second leg soccer match between Benfica and Fenerbahce at Luz Stadium in Lisbon, Portugal, 02 May 2013. Benfica won 3-2 on aggregate. EPA/MIGUEL A. LOPES

На дефанзивецот на Бешикташ, Џанер Еркин, му се заканува затворска казна од две години откако обвинителите оценија дека тој го навредил судијата во текот на мечот минатата година, објавува турската новинска агенција „Анадолу“.

На мечот со градскиот ривал Башакшехир, Еркин го „бркаше“ судијата Мете Калвакан и викаеш кон него откако доби жолт картон во финишот на натпреварот. Еркин исто така го навредуваше судијата вербално, нешто што се виде на ТВ-снимките, по што обвинителите решија да поднесат обвинение.

Во обвинението стои дека Еркин „навредил јавна личност поради неговата работа“, и ова беше прифатено од кривичниот суд во Истанбул. Еркин демантира дека го навредил судијата, откако прво доби казна од шест меча за инцидентот.

29-годишниот Еркин беше една од поранешните јуниорски ѕвезди во турскиот фудбал, кој играше во ЦСКА Москва и во Интер, пред да се врати во Бешикташ. За Бешикташ ова, пак, е втора лоша вест откако португалското крило Рикардо Кварезма доби казна од пет меча поради насилно однесување за мешаницата на дербито со Фенербахче во Купот на Турција на 1 март.

Навивачите на Бешикташ тврдат дека се работи за постојана кампања против тимот откако тие последните две сезони ја освојуваа титулата.

Фото: ЕПА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари