ЕП (У21): Младите Германци ја растурија Унгарија, Романците извадија бод со „лалињата“ (ВИДЕО)

Германија тргна со убедлива победа од 3:0 над организаторот на младинското европско првенство Унгарија, а Романија успеа да извлече реми во првиот дуел со Холандија во рамките на групата „А“ вечерва во Унгарија.
Младите надежи на Романија се надминаа на дуелот со Холанѓаните и се изборија за посакуваниот бод. Германија беше тотално доминантна против Унгарија и со головите на Нмеча (61’) и Баку (66’ и 73’) успеа да ги прокнижи посакуваните три бода на стартот на ЕП за играчи до 21 година.
ЕП (У21) – 1. КОЛО
ГРУПА А
Унгарија – Германија 0:3
Романија – Холандија 1:1
ГРУПА Б
Чешка – Италија 1:1
Словенија – Шпанија 0:3
sportmedia.mk