logo
logo
logo

ЕП е далеку: Русија ја замрзна Македонија на минус 17 (ФОТО)

Vecer | 19.02.2021

ЕП е далеку: Русија ја замрзна Македонија на минус 17 (ФОТО)

ФОТО: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша четвртиот пораз во квалификациите за место на Европското првенство и направи голем чекор назад, особено по победата на Естонија над Италија. Избраниците на Александар Тодоров по вторпат во овие квалификации се совладани од Русија, овој пат со 77-94. „Зборнајата“ со овој триумг го обезбеди местото на континенталното натпреварување.

Кошаркарите добро го отворија мечот, со серија од 7-0 поведоа со 9-5 во 4:30 минута, потоа со две тројки на Војдан одржуваа позитива од два поени. На спротивната страна, Русија носена на крилата на Боломбој фати ритам. Поведе со 19-15 и 21-26.

Домашниот состав не застана, на стартот на втората четвртина дојде на плус девет (21-30), веќе во 14. минута Македонија имаше двоцифрена негатива 27-37. Не одеше ништо во нашиот состав, противникот ја користеше секоја наша грешка, беше 29-47 во 18. минута, по серијата од 12-2. На одморот беше 33-51, во овој дел недостасуваа поените на Димитријевиќ, имаше само два.

По само три минути игра, Русија дојде на плус 20 (38-58). Македонските кошаркари намалија само на 14 поени (44-58), но застанаа. Домашниот тим на брзина „набилда“ водство од 23 разлика (49-72) во 27. минута.

Во последните десет минути, Тодоров и неговите момци влегоа со негатива од 54-72. Ништо не се промени во продолжение, Русија рутински го одработи дуелот за трета победа во квалификациите.

Војдан Стојановски со 18 поени беше прв стрелец, два поени помалку имаше Вајли, Ѓуроски и Николов постигнаа по 11 поени. На другата страна Боломбој имаше 19 поени.

Следниот натпревар се игра во недела, Македонија за противник ја има селекцијата на Италија.

Македонија – Русија 77-94

(21-26, 12-25, 21-21, 23-22)

Македонија: Крстевски 2, Бакоч, Николов 11, Димитријевиќ 8, В.Стојановски 18, Магдевски 4, Ѓуроски 11, Трајковски 7, Д.Стојановски, Робев, Вајли 16, Ефремовски. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk