ФОТО: Димитар Петковски

Македонската фудбалска репрезентација имаше шанса да дојде барем до бод на дуелот против Украина. По слабото прво полувреме, нашите момци заиграа многу подобро во вториот дел, шансите постоеја, но за жал, ете немавме среќа.

По завршување на мечот, фудбалерите и се поклонија на „Фалангата“, која пак нема да може да патува во Холандија. Добро е познато дека Македонија и натаму е на црната листа на земји со висок ризик од Ковид-19.

Македонските фанови кои овие денови им даваа ветер во грб на репрезентативците ги поздравија своите миленици, им порачаа дека тие се нивни херои.

 

sportmedia.mk