Виљареал – Манчестер Јунајтед е финалето во Лига Европа 2021. За Виљареал ова е прво финале, додека за Јунајтед второ во ова натпреварување.

Шпанците, иако дебитанти, имаат силен адут во своите редови, тука е Унаи Емери кој со Севиља три пати ја освојуваше Лига Европа од 2013/14 до 2015/16, исто така го однесе Арсенал до финалето во 2018/19. Емери има 92 натпревари во Лига Европа, дури 32 повеќе од најблискиот конкурент.

На спротивната страна е Оле Гунар Солскјер кој го бара првиот трофеј како менаџер во едно континентално натпреварување, а воедно и негов прв пехар како тренер на „Ѓаволите“. Солскјер засега има само еден трофеј како тренер и тоа на клупата на Молде со која триумфираше во норвешкиот Куп во 2013 година. Исто така Сослкјер може да стане првиот норвешки тренер кој освоил европски трофеј.

Инаку во меѓусебните дуели помеѓу Емери и Солскјер скорот е изедначен: 2-1-2 (победа-реми-пораз).

sportmedia.mk