ЛОША ВЕСТ ЗА СЛАВНИОТ ФУДБАЛЕР

Емануел Ебуе има ХИВ вирус

Менаџерот на поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, на својот Фејсбук профил напиша дека офанзивниот бек има сериозни проблеми со здравјето и морал под итно да отпаува за Англија каде ќе бидат направени дополнителни прегледи

Поранешниот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал и на турскиот гигант Галатасарај, Емануел Ебуе, е позитивен на вирусот ХИВ, пренесуваат странските медиуми.

Менаџерот на поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, на својот Фејсбук профил напиша дека офанзивниот бек има сериозни проблеми со здравјето и морал под итно да отпаува за Англија каде ќе бидат направени дополнителни прегледи.

За жал, Ебуе има некакви медицински потешкотии. Веќе отпатува за Англија каде точно ќе биде утврдено за што станува збор, напиша агентот на искусниот фудбалер.

Сепак, поголемиот дел од фудбалските медиуми се убедени дека Емануел Ебуе е позитивен на вирусот ХИВ и дека ќе мора да стави крај на својата професионална кариера.

Поврзани

Најнови вести

Коментари