logo
logo
logo

Елмас: Македонија цели кон уште поголеми успеси

Vecer | 27.05.2021

Елмас: Македонија цели кон уште поголеми успеси

Елиф Елмас е еден од оние од кого Македонија многу очекува на претстојниот Европски шампионат. Офанзивецот игра една од клучните улоги во нашиот национален тим, и нормално е тој едвај да чека да почне турнирот.

„Јасно ние на сите што направивме до сега, но продолжуваме во насока на тоа дека сме подготвени за многу повеќе. Јас како играч никогаш не се задоволувам со постигнатото секогаш барам повеќе, па така ќе биде и сега. Многумина не има од У21 составот кој настапи на ЕП во Послка, знаеме како е да се биде дел од такво нешто. Направивме уште поголем успех од тоа, сега сме на сениорското ЕП и размислуваме само да го одиграме како што треба овој настан и да донесеме уште поголеми успеси. Сега се ќе зависи од нас“ – вели Елмас па додава.

Три месеци размислувам само за ЕП, откако дојдов во хотел, се оставив на страна. Само репрезентацијата ме интересира. Ова е животна желба на секој играч. Доаѓаме од мала држава, ова е нешто големо за сите и целиот наш народ. Играме за Македонија и тоа треба да не  води сите напред до последниот здив, и атом на силите“ – истакнува Елиф Елмас.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk