logo
logo
logo

Елези стрелец за Вараждин и им зема бод на Адеми и Ристовски среде “Максимир“

Vecer | 12.05.2021

Елези стрелец за Вараждин и им зема бод на Адеми и Ристовски среде “Максимир“

Одлична партија на младинскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези на “македонското дерби“ во ХНЛ меѓу Динамо Загреб и Вараждин. Меч кој заврши со сензационални 2:2, и тоа среде “Максимир“ рамките на редовното 34.коло на елитната лига во Хрватска.

Елези стрелаше во 35.минута за 1:1, претходно доби жолт картон, а имаше шанса и за втор гол. Исто така беше тој што ја започна акцијата на Вараждин за вториот гол на својот тим.

Тој беше на теренот до 85.минута.

Кај домашниот тим пак Стефан Ристовски беше стартер, а Аријан Адеми на 2:2 во 65.минута влезе во игра, сепак и покрај влегувањето на капитенот на “модрите“, старо – новиот шампион на Хрватска не успеа да победи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk