logo
logo
logo

“Ел Класико“: Денеска е крајот на една страшна серија, ова никој нема да го повтори во историјата!

Vecer | 10.04.2021

“Ел Класико“: Денеска е крајот на една страшна серија, ова никој нема да го повтори во историјата!

Реал Мадрид и Барселона вечерва од 21 часот се среќаваат во еден од најважните „Ел Класика“ во последните неколку години. Имено овој меч може да биде решавачки, или еден од решавачките во битката за титулата.

Сепак денеска, на ова „Ел Класико“ ќе се стави крај на една страшна серија, серија која никој нема да ја повтори во историјата на овие дуели, најголеми клупски во светот на фудбалот.

Имено Реал Мадрид нема да смета на својот капитен Серхио Рамос, и тоа ќе биде по првпат после цела една деценија Рамос да не игра за Реал против Барселина. Последен пат тоа се случи во мај 2011 кога “кралевите“ мораа без него. Па така Рамос врза неверојатни 32 меча за Реал против Барса без прекин.

Навистина импресивно, но на секоја серија и доаѓа крајот, така и на онаа на Серхио Рамос.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk